Советникот на Трамп во Абу Даби

Болтон: Речиси е сигурно дека Иран стои позади саботажата на бродовите во Заливот

„Речиси е сигурно" дека Иран стои позади саботажите изведени на 12 мај на четирите бродови на влезот во Заливот кај аеродромот на Обединетите Арапски Емирати, изјави денес за новинарите во Абу Даби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, кој пристигна во ек на зголемени тензии.

Болтон, кој долго има цврст став кон Иран, на Твитер напиша дека пристигнал во Обединетите Арапски Емирати да разговара за „значајни и актуелни прашања по регионалната безбедност“.

Обединетите Арапски Емирати сè уште никого не обвинија за саботажата на четирите бродови, меѓу кои и два саудиски танкери, а што два дена подоцна беше проследено со напад на дронови полни со експлозив на извори на нафта во Саудиска Арабија.

Ријад го обвини Техеран за наредување на нападите, за кои одговорноста ја преземаа Хутите, иранските сојузници во Јемен. Иран негира вмешаност во било кој напад.

„Мислам дека е јасно дека овие (напади на танкери) со поморски мини се речиси сигурно од Иран“, изјави Болтон за новинарите во Абу Даби, но одби да даде коментар за детали од истрагата во која учествува и САД.

Тој рече дека нападите на танкерите се поврзани со нападите на изворите на нафта и ракетниот напад врз Зелената зона во ирачкиот главен град Багдад.

Болтон, исто така, рече дека имало неуспешен напад врз пристаништето на Саудиска Арабија во Црното Море, Јанбу, неколку дена пред операцијата на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Саудиските власти не беа веднаш достапни за коментар, пренесе Ројтерс.

„Многу сериозно пристапуваме кон сето ова“, рече тој. „Овие напади, за жал, се поклопуваат со сериозните информации за закани што ги добивме. Тоа е една од причините зошто ја зголемивме превентивната способност во регионот“.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе