Ќе разговара за „суверенитетот и интегритетот“ на Белорусија

Болтон ќе го предупредува Лукашенко на „руската закана“

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон денес кажа дека планира да ја искористи посетата на Белорусија за да го предупреди нејзиниот лидер, претседателот Александар Лукашенко, на безбедносната закана што ја претставува Русија.

Болтон ќе биде највисокиот американски државен функционер во период од повеќе години кој ќе ја посети Белорусија, а се случува во време кога Москва и Минск тргнуваа кон поцврста интеграција на своите земји како дел од проектот на сојуз на држави, што го зголемува стравот од тивка руска агресија кај Западот.

Русија ја гледа Белорусија како тампон зона меѓу западната граница и Европа, додека врските со Западот се повторно на исклучително ниско ниво како во времето на Студената војна, но негира дека што било неповолно се случува со нивниот проект на државна унија и кажа дека Белорусија е близок и вреден сојузник.

Обраќајќи им се денес на новинарите во Молдавија, Болтон кажа: „Мислиме дека, во светло на она што го слушаме од Москва, важно да се отиде во Белорусија и да се разговара за нејзините суверенитет и територијален интегритет“.

Болтон ова го кажа по разговорот со премиерката Маиа Санду која дојде на власт во јуни и кажа дека сака да ја ослободи Молдавија од олигархискиот систем кој земјата ја селди од стекнувањето независност од Москва во 1991 година.

„Во име на американската влада можам да ви кажам дека Вам и на новата влада ви посакуваме сѐ најдобро во антикорупциската кампања, што е исклучително важно за потенцијалните американски инвеститори“, кажа Болтон.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе