Болтон: Кина да размисли за потезите во Хонг Конг, бидејќи Америка памти

Кина треба да размисли за потезите што ги прави во однос на настаните во Хонг Конг бидејќи Америка памти, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, за „Гласот на Америка“, како реакција на неодамнешната забелешка на човекот што ја имаше моќта за време на масакрот во Тјенанмен, Денг Сјаопинг, кој на предупредувањето дека употребата на војска против студентите ќе предизвика остри меѓународни реакции, рече: „Западњаците ќе го заборават тоа“.

Болтон додаде „сè уште се свежи сеќавањата на репресијата на кинеските власти на плоштадот Тјенанмен и плачот на кинеските граѓани за слобода и демократија“.

На прашањето дали САД имаат намера да направат нешто во врска со ситуацијата во Хонг Конг, поранешна британска колонија што од 1997 година е под контрола на Кина, град во кој протестите против властите блиски на официјален Пекинг траат со месеци - Болтон повика на прекин на тензиите.

„Знаете дека Кина ги обвини САД за предизвикување на овие демонстрации. Демонстрантите се поврзаа со нас и истовремено во јавноста пуштаа лични информации за нашите американски дипломати во Хонг Конг. Треба да се прекине со тоа. Кинезите треба да подразмислат за потезите што ги прават затоа што луѓето во Америка се сеќаваат - на плоштадот Тјенанмен. Тие се сеќаваат на сликата на човек што стои пред редица тенкови, како и на плачот за кинеските граѓани за слобода и демократија. Свежи се спомените на репресијата на кинеските власти во 1989 година и би било голема грешка да се создадат слични спомени во Хонг Конг“, изјави Болтон за Гласот на Америка.

Тој додаде дека се надева дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе внимава со чекорите што ќе ги преземе.

„Забележлив е духот на слободата кај граѓаните на Хонг Конг. Она што го очекуваат Соединетите Држави е дека Кина ќе се придржува кон договорот што го склопи со Велика Британија кога Хонг Конг беше вратен под контрола на Кина. Една држава - два системи. Ако тој договор се прекрши, тоа ќе прерасне во голем проблем за кредибилитетот на Пекинг“, рече Болтон.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе