Болсонаро: Приказните за Амазонија во пламен се лага

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги отфрли критиките на сметка на политиките кон животната средина кажувајќи дека се неоправдани и дека приказните за Амазонската прашума во пламен се лаги кои треба да се демантираат со точни податоци.

EPA-EFE

„Приказните за Амазонија во пламен се лага и мора да им се спротивставиме со точни бројки“, кажа Болсонаро.

Земјите во регионот, вклучувајќи го Бразил, минатиот септември потпишаа документ во кој повикаа на заеднички напори во заштита на животната средина на Амазонија и на одржлив развој.

Болсонаро тврди дека зад критиките стојат бизнис интереси, делумно благодарејќи на статусот на Бразил како еден од главните произведувачи на храна.

Критиките главно стигнуваат од редовите на здруженијата за заштита на животната средина кои го обвинуваат претседателот Болсонаро дека дозволува уништување на прашумите за да се расчисти што поголема површина за земјоделство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе