Болсонаро попушти пред европските лидери, ја испрати војската да ги гасни пожарите во Амазонија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро им нареди на вооружените сили да помогнат во гаснењето на големите пожари во Амазонската прашума, пренесе Би-би-си.

Во одлуката на Болсонаро се наведува дека војниците ќе бидат распоредени во природни резервати, на домородни територии и погранични области во регионот.

Ваквата одлука е донесена по силниот притисок од европските лидери.

Болсонаро ги критикуваше реакциите на меѓународната заедница, велејќи дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за санкции.

Франција и Ирска се заканија дека ќе го блокираат договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите на Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) доколку Бразил не ја заштити Амазонската прашума каде сега хараат пожари.

Лидерите на Велика Британија и Франција изразија голема загриженост во врска со пожарите во Амазонија.

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон го обвини Болсонаро дека лажел кога на самитот Г20 во јуни ја ублажувал загриженоста поради климатските промени.

Макрон рече дека рекордниот број пожари во Амазонија е „меѓународна криза“ што треба да биде на врвот на дневниот ред на самитот на Г7 кој се одржува викендов во Франција.

„Нашата куќа гори. Буквално. Шумите во Амазонија, големите бели дробови кои произведуваат 20 проценти од кислородот на нашата планета - горат! Ова е меѓународна криза“, напиша Макрон на Твитер.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе