Боливиската претседателка се повлече од изборната трка (ВИДЕО)

Конзервативната привремена претседателка на Боливија, Дјанине Анјес денес ја повлече својата кандидатура за изборите на 18 октомври, откако анкетите покажаа дека заостанува зад социјалистичката партија на поранешниот претседател Ево Моралес.

Screenshot

Анјес го објави ова во видео порака и порача дека се обидува да ги обедини оние што се спротивставуваат на кандидатот на партијата на Моралес.

Таа ја презеде функцијата за време на вакуумот на власта кон крајот на минатата година, по изборите што предизвикаа масовни протести и доведоа до оставка на долгогодишниот лидер Моралес.

Кандидатурата на Анјес предизвика контроверзии откако првично се повлече и вети дека ќе ја води земјата до новите транспарентни избори. На анкетите води социјалистичкиот кандидат Луис Арце, а го следи центристот Карлос Меса.

„Денес ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на Боливија, грижејќи се за демократијата. Тоа не е жртва, туку чест“, рече Анјес.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе