Боливиска градоначалничка опозициски демонстранти ја влечеле боса на улица, ја полеале со боја и ѝ ја исекле косата (ФОТО+ВИДЕО)

Градоначалничката на еден мал град во Боливија во средата била нападната од опозициските демонстранти кои ја влечеле боса по градските улици, ја полеале со црвена боја и на сила ѝ ја исекле косата.

Група антивладини демонстранти го блокирале мостот во Винту, мал град во централната боливиска провинција Кочабамба, како дел од демонстрациите кои избија по изборите за претседател на 20 октомври.

Тие ја обвинија градоначалничката Патриша Арс за вмешаност во разбивањето на нивната блокада и дека е одговорна за смртта на неколку демонстранти. Неколку маскирани мажи ја фатиле и ѝ викале „убиец, убиец“, ја влечеле боса по улиците кон мостот.

Кога стигнале до мостот, ѝ ја отсекле косата и ја полеале со црвена боја. Исто така ја принудиле да потпише оставка, пренесува Би-би-си.

Подоцна ја предале на полицијата која ја пренела во локална амбуланта за лекарски преглед.

Кандидатот на опозицијата Карлос Мес и неговите приврзаници веруваат дека резултатот од претседателските избори е наместен.

Боливискиот претседател Ево Моралес, од друга страна, го обвини Мес за организирање државен удар.

Нејзината канцеларија била запалена, а прозорците на зградата на општината биле искршени.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе