Една недела по победата на социјалистите на изборите

Боливија: Повлечен налогот за апсење на поранешниот претседател Моралес

Правосудството во Боливија вчера го повлече налогот за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес кој се наоѓа во егзил во Аргентина, а одлуката е донесена една недела по победата на поддржувачот на Моралес Луис Арсе на претседателските избори.

EPA-EFE

„Неговите права се прекршени, пред сѐ правото на одбрана бидејќи не беше уредно повикан на судење“, изјави за Моралес претседателот на судот во Ла Паз Хорхе Квино.

Кабинетот на главниот обвинител на Боливија побара на 6 јули почнување кривична постапка против Моралес поради бунт и тероризам.

Тогаш беше наложено Моралес да биде притворен.

Моралес во неодамнешно интервју за Франс прес по претседателските избори во Боливија кажа дека од него не зависи неговото враќање во земјата.

Поранешниот претседател на 10 ноември 2019 беше приморан да даде оставка под притисок на војската и протестите на опозицијата која се бунеше за резултатите на претседателските избори на кои Моралес тврди дека победил, иако немаше право на нов мандат.

Моралес, кој беше претседател од 2006 до 2019 година, е првиот претставник на домородните Индијанци кој станал претседател на држава, а угледот меѓу другото го стекна бидејќи потекнува од обичниот народ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе