Боливија ги обновува врските со САД: По десет години именуваа амбасадор

Привремената влада на Боливија за прв пат по десет години именуваше амбасадор во САД, при обновувањето на меѓународните врски на таа јужноамериканска земја која се оддалечува од традиционалните сојузници Венецуела и Куба.

Надворешната политика на Боливија доби пресврт под водство на конзервативната преодна претседателка Дјанине Анјес, сенаторка која ја презеде власта во политичкиот вакуум откако долгогодишниот левичарски лидер Ево Моралес под притисок се повлече на почетокот од овој месец.

Потпретседателката на Сенатот, педесет и двегодишната конзервативка Дјанине Анјес, ја презеде должноста на почетокот на ноември, по четиринаесетгодишното владеење на социјалистот Моралес.

Моралес претходно ја напушти земјата и допатува во Мексико, кој му додели политички азил.

Моралес, како и потпретседателот на Боливија, поднесоа оставки поради притисоците и протестите поради обвиненијата за измама на изборите на 20 октомври, на кои победи Моралес.

Анјес, која вети дека брзо ќе одржи нови избори и ќе го врати мирот во поделената земја, веднаш започна да се дистанцира од политиките на Моралес, протерувајќи ги функционерите на Венецуела и приближувајќи се кон сојузниците во Бразил и САД.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе