„Мора да продолжиме да се бориме за Хонг Конг“

Бојкот на наставата, студентите и учениците во Хонг Конг на протести (ФОТО)

Стотици студенти и ученици во Хонг Конг денес ги заменија часовите и наставата со демократски протести, во најновиот чин на пркос на антивладиното движење што го втурна градот под кинеска власт во најголемата политичка криза со децении.

Бојкотот следи по викенд на најнасилни протести во изминатите три месеци. Демонстрантите палеа барикади и фрлаа молотови коктели, а полицијата возврати со водени топови, солзавец и палки.

Медицинскиот персонал во болницата „Кралица Марија“ формирал човечки ланец со плакати во рацете.

Интервентната полиција била присутна и во подземната железница МТР, каде избија некои од најнасилните судири.

Стотици студенти се собраа пред Квинс колеџ во Хонг Конг. Тие држеа говори на сцената пред написот „Обединети студенти, бојкот за нашиот град“.

„Денес е прв училишен ден, а во тек е бојкот на наставата. Пред Квинс колеџ, каде што револуционерниот предок Сун Јат-Сен студирал, средношколците му помогнаа да се опреми со гас маска и очила, одекнувајќи ја кинеската револуција во 1911 година“, напишаа од партијата Демосисто, чиј ко-основач е истакнатиот продемократски активист Џошуа Вонг.

„Дојдов да кажам дека дури ни по летните одмори не се вративме во нормален живот, мора да продолжиме да се бориме за Хонг Конг“, рече 19-годишниот студент, кој се претстави како Чан.

„Овие протести ме охрабрија да се грижам повеќе за општеството и за оние чиј глас не се слуша“, додаде тој.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од тинејџери наредени пред средните училишта со транспаренти. Понеделник е првиот училишен ден по летните одмори.

Демонстрантите повикаа на генерален штрајк, но повеќето сепак се вратија во нормала. Продавниците се отворени, возовите возат, а работниците одат во канцелариите низ глобалниот финансиски центар.

Илјадници демонстранти во неделата ги блокираа патиштата и јавниот градски превоз до аеродромот во Хонг Конг за да го привлечат светското внимание на нивниот обид да го присилат Пекинг да ѝ даде поголема автономија на поранешната британска колонија, која е под кинеска власт од 1997 година.

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе