Бугарија го презеде претседателството на ЕУ

Бојко Борисов: Со европеизација на Балканот да се спречи балканизација на Европа (ВИДЕО)

Најсиромашната членка на Европската Унија, за која се вели дека е и најкорумпирана, првпат го презема ротирачкото претседателство на ЕУ, пишува Еуроњуз.

„Бугарија го презема претседателството на ЕУ во клучен момент за Унијата... Девизата 'Во единството е силата' нека нè води не само во претседателствувањето, туку и во нашиот развој како народ“, напиша конзервативниот проевропски премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

Концерт на кој секоја земја на ЕУ ќе ја претстави по еден автор на класична музика е закажан за 11 и 12 јануари во Палатата на културата во Софија, каде што ќе биде приреден официјален собир за прогласување на бугарското претседателство.

„Убеден сум дека успешно ќе работиме на нашите приоритети, на континуитетот“, рече Борисов.

А меѓу приоритетите се „земјите-кандидати за членство во ЕУ“ во Западен Балкан.

„Претпристапниот период е многу важен за овие земји“, вели Даниел Смилов од Центарот за либерални стратегии за Еуроњуз. „Всушност, Бугарија го доживеа својот најбрз развој и најважните реформи во овој период. Значи, ако му дадеме на Западен Балкан јасна перспектива, може да очекуваме добар развој. Од друга страна, владата ќе може да го одвлече вниманието од темите што не ѝ се многу омилени, како што е борбата против корупцијата“.

Бугарија и Македонија во 2017 година потпишаа „договор за пријателство“, но меѓу соседите сè уште постојат разлики, вели европскиот сајт.

„Проблемот што се појавува секој пат помеѓу Бугарија и Македонија секогаш го има истото потекло: непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и непризнавањето на македонската нација“, објаснува Стојко Стојков, ОМО-Илинден-Пирин.

„Тоа отсекогаш предизвикуваше конфликт. За жал, по потпишувањето на овој договор и со политиката на Софија, нема вистински развој на ова прашање“.

Самитот „ЕУ-Западен Балкан“, прв по 15 години пауза, е закажан за мај 2018 година.

Софија своето познавање на регионот ќе го искористи за да помогне во дефинирањето европска стратегија за помош на земјите од бивша Југославија и на Албанија.

„Потребна е европеизација на Балканот за да се спречи балканизација на Европа“, рече Борисов.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе