Бојко Борисов официјално поднесе оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов поднесе оставка, како што и се очекуваше, по слабиот резултат на неговата партија на десниот центар ГЕРБ на изборите во април.

Фото: ЕПА

Оставката ја објави привремената претседателка на новиот бугарски парламент, Мика Сајкова, за време на денешната прва седница на парламентот.

Оставката на коалициската влада на ГЕРБ и националистичкиот сојуз Обединети патриоти, која е на власт од 2017 година, мораше рутински да биде одобрена од парламентот.

За време на летните протести во 2020 година илјадници демонстранти побараа оставка од владата поради корупција.

Проевропската популистичка ГЕРБ на Борисов остана единствената најсилна партија со 26 проценти од гласовите по изборите на 4 април.

Сепак, ГЕРБ освои само 75 места од 240, што е за 20 помалку отколку на последните избори, и има слаб коалициски потенцијал.

Три нови партии влегоа во парламентот, а сега во Бугарија има вкупно шест парламентарни партии.

Втора најсилна во парламентот е новата партија на ТВ-водителот и пејач Славиј Трифонов со 51 место, додека трета е Бугарската социјалистичка партија со 43 места.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе