„Бојко бандит“: шести ден протести против бугарската влада (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстрациите против бугарската влада и државниот обвинител во главниот град Софија и другите бугарски градови синоќа влегоа во шестиот ден, јави агенцијата БТА.

Фото: ЕПА

„Чкрапецот“ на протестите беа претресот и запленувањето на материјалите на истражниот тим во канцелариите на соработниците на бугарскиот претседател Румен Радев.

По рацијата во зградата на претседателот, политичките тензии се прелеаја на улиците на бугарските градови.

Во петокот и саботата демонстрантите се судрија со полицијата недалеку од плажата на имотот на Ахмед Доган, поранешен лидер и почесен претседател на парламентарната партија Движење за право и слобода, на кој, наводно, премиерот Борисов му дозволил да го узурпира државното земјиште.

По тоа протестите веќе не беа насилни и се одвиваа без сериозни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Вчера демонстрантите ги отфрлија обвинувањата дека ги платил избеганиот сопственик на казина Васил Бојков и ги поздравија соопштенијата на САД и Франција, кои ги поддржуваат барањата за воспоставување праведен правосуден систем.

Фото: ЕПА

Државниот обвинител Иван Гашев ја поздрави позицијата на американската амбасада и поддршката за владеењето на правото, ветувајќи дека никој нема да биде над правната држава, а малку подоцна специјалното обвинителство покрена предистражна постапка за кривични дела против Република Бугарија.

И вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, исто така, го поздрави соопштението на американската дипломатска мисија и оцени дека станува збор за израз на поддршка за владеењето на правото и правото на протест.

Партијата Волија го повика претседателот Радев да се обрати пред Собранието во согласност со член 98 од Уставот на Република Бугарија.

„Претседателот треба да биде обединувач, а не да дејствува како лидер на партија. Му даваме можност да се докаже како обединувач“, рече лидерот на Волија, Веселин Марешки.

И покрај поддршката на луѓето што владата на Борисов ја доби поради начинот на кој се справува со епидемијата на коронавирусот, овој скандал успеа да ја обедини опозицијата и да предизвика протести, прво во Софија, а потоа и во Варна, Пловдив и во други градови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе