Боинг призна дека во авиони 737 макс има дополнителни неисправни делови

Компанијата Боинг соопшти дека некои авиони 737, вклучувајќи и голем дел од авионите 737 макс, имаат неисправни делови на своите крила, пренесува Си-ен-ен.

Станува збор за новооткриен проблем, кој компанијата го забележала по веќе детектираната грешка во софтверот МЦАС.

Дејствувајќи во координација со американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА), Боинг ги советуваше сите воздухопловни компании кои ги користат нивните авиони 737 да направат детален преглед на преткрилцата на сериите макс и НГ. Во серијата 737 НГ се вклучени авионите 737-600, 700, 800 и 900.

Преткрилцата се подвижна аеродинамична површина наменета за зголемување на искачувањето сместена на предниот дел од крилото. Боинг предупреди дека некои од нив може да не ги задоволуваат производствените стандарди и дека треба да се заменат.

Најновиот проблем е откриен во момент кога компанијата Боинг се обидува со големи напори да ја врати довербата во моделите 737 макс. Авионите од таа серија се приземјени низ светот по трагичната несреќа на авионот на Етиопијан ерлајнс која на 10 март се урна во Адис Абеба, при што загинаа 157 луѓе.

Несреќата следеше набрзо по фаталното уривање на истиот модел на авион на компанијата Лајон ер во Индонезија во октомври минатата година, кога загинаа 189 патници и членови на екипажот.

Новооткриената грешка е забележана кај 148 преткрилца произведени од истиот добавувач на Боинг. Компанијата затоа смета дека неисправни преткрилца има кај само 20 авиони 737 макс и 21 авион 737 НГ, но ФАА ги советуваше воздухопловните компании да проверат дополнителни 179 макс авиони и 133 НГ авиони за со сигурност да се утврди дека тие делови се исправни кај останатите авиони.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе