Боинг 737-800 принудно слета во Русија, наводно поради дефект на моторот

Авион боинг 737-800 принудно слета во Сиктивкар, град на северозападот на Русија, наводно поради проблеми со моторот, јавуваат агенциите.

Се наведува дека рускиот Истражен комитет отворил случај за инцидентот, а се претпоставува дека причина за тревогата е дефект на погонскиот систем.

„Се случи принудно слетување. Истрагата е во тек. Првичните податоци покажуваат дека откажал моторот“, пренесува Раша тудеј.

Авионот, во кој имало 157 патници и шест членови на екипажот, патувал од градот Мирни на истокот на Русија кон Москва, а се истакнува дека сите луѓе кои биле во авионот се безбедни.

Инцидентот се случува по уривањето на авионот боинг 737 макс 8 во Етиопија, при што загинаа сите во него. По страшната несреќа приземјена е речиси целата флота на 737 макс8 и макс 9 авиони на Боинг, а забранети се и прелетувања над многу земји.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе