Богатството на Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари

Богатството на основачот на Фејсбук Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари откако социјалната мрежа ја почна новата услуга на кратки видеа, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Компанијата почна со Инстаграм рилс, конкурент на контроверзната кинеска апликација Тикток.

Акциите на Фејсбук скокнаа вчера за повеќе од 6 отсто. Уделот на Закерберг во компанијата е 13 отсто.

Во клубот на супербогаташи со имот поголем од 100 милијарди долари тој им се приклучи на основачот на Амазон Џеф Безос и на Бил Гејтс од Мајкрософт.

Шефовите на технолошките гиганти во последно време се под лупа поради постојаниот раст на моќта на нивните компании и на личното богатство.

Фејсбук, Амазон, Епл и Гугл се меѓу најголемите добитници од карантинот поради пандемијата на коронавирусот, бидејќи сѐ повеќе луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку интернет.

Богатството на Закерберг годинава порасна за над 22 милијарди долари, а тоа на Безос за повеќе од 75 милијарди, покажуваат податоците на Блумберг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе