Богати њујорчани вработуваат лица кои наместо нив ќе чекаат во редиците за тестирање на коронавирус

На Тикток викендов е објавено вирално видео во кое се рекламира услуга во која некој ќе чека ред наместо вас во долгите редици за тестирање на коронавирус.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Сега веќе избришаното видео објаснува како поединци кои сакаат да најмат некого да чека со часови меѓу потенцијално заразените, треба да ја користи апликацијата Таск рабит, платформа за вработување луѓе кои прават скоро сè што вие не сакате.

Богати жители на Њујорк ангажираат лица наместо нив да чекаат во ред за тие без чекање да можат да се тестираат.

Некои чекањето во ред го наплаќаат и до 80 долари на час, пишува Њујорк пост.

„Ова го направив веќе пет пати. Еден ден стоев во два реда и секој ден добивам барања и сум прилично зафатен“, вели еден њујорчанец кој останал без работа и сега чека ред за некој друг.

Многумина не се согласуваат со оваа практика, а една личност за Тајм Аут изјави дека не може тоа да го сфати.

„Ова им дава работни места на тие што ги изгубија поради пандемијата. Ако одлучат да чекаат во ред за други и за тоа да бидат платени, тоа е нивна одлука. Редиците се вакви поради слабиот пристап во тестирањето и недостаток на организација“, вели друго лице што чека во редот.

Лошо распределените ресурси и нивниот недостиг се под огромен притисок поради ордите луѓе кои ги игнорираат упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести и планираат да патуваат дома за Денот на благодарноста. Бројни невработени и сиромашни луѓе стојат во редовите за богатите, игнорирајќи ги епидемиолошките мерки.

Околу сè се изјаснија и од платформата Таск рабит. Тие велат дека се свесни за ваквите практики и дека за нив тоа е во ред.

„Категоријата Чекај во ред со текот на годините е особено популарна за време на празниците. Клиентите однапред бараат тоа што им треба, а одлуката за прифаќање на задачата зависи исклучиво само од оној што ќе ја сработи и дали ќе ја сработи“, рече портпаролот на Таск рабит.

Пандемијата веќе доведе до побарувачка за ваков вид на работа, а оваа практика ја продлабочува поделбата помеѓу оние што доставуваат и оние што нарачуваат. На луѓето им требаат пари среде големата криза, но тоа не ја оправдува експлоататорската работа, пишува Вајс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе