Шокираше на прес-конференција

Бочели ги повика Италијанците да не ги почитуваат владините одлуки за пандемијата

Славниот тенор Адреа Бочели го критикуваше одговорот на италијанската влада за пандемијата на коронавирусот, велејќи дека бил понижен со воведувањето на карантинот.

Тој воедно ги повика граѓаните да одбијат да ги почитуваат правилата што сè уште се во сила.

Коментарите на Бочели на конференцијата што се одржа во италијанскиот сенат ги изненади сите и сите беа шокирани, пренесуваат агенциите, со оглед дека славниот тенор се сметаше за симбол на национално единство среде пандемиските и карантинските мерки, а кога пееше за Велигден во празната катедрала во Милано, неговиот настап беше пренесуван во живо.

„Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата иако не сторив никакво кривично дело“, рече Бочели на конференцијата на која присуствуваа членови на опозицијата, меѓу кои и лидерот на Лига, Матео Салвини, кој и самиот го критикуваше одговорот на владата на пандемијата.

Ројтерс пренесува дека славниот оперски пејач, која има 61 година, признал дека ги прекршил карантинските мерки „затоа што не сметал дека е правилно и здраво да седи дома на негови години“.

Тој исто така рече дека верува дека ситуацијата не може да биде толку сериозна како што ја претставуваат надлежните, бидејќи тој не познава некого што поради короната бил сместен на интензивна нега.

Мерките за карантин во Италија беа воведени во почетокот на март, а подоцна беа олеснувани во фази во текот на три месеци.

За да се заштити од коронавирусот, оваа земја сè уште применува мерки на социјално дистанцирање и задолжително носење маски на затворени јавни места.

Андреа Бочели повика на бојкот на овие правила.

„Ајде да одбиеме да го почитуваме ова правило. Ајде да читаме книги, да се движиме, да се запознаваме, да разговараме...“, предложи тој.

Во Италија, скоро 250.000 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, додека над 35.000 пациенти починаа од последици од ковид-19.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе