Блумберг за посетата на Путин на Белград: На Вучиќ му треба поддршка за Косово

Американската агенција Блумберг за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија пишува дека Вучиќ ќе се труди да ја прикаже како поддршка од Москва за постигнување договор за Косово.

Рускиот претседател Путин во Белград го пречекаа, според Блумберг, владејачката партија Српска народна странка со митинг кој го истакнува „конфликтниот пристап“ на Србија кон придружувањето на ЕУ. Српскиот претседател Александар Вучиќ, според американската агенција, „се труди да испрати сигнал дека не го прифаќа противењето на ЕУ на договор со Косово за разграничување“.

Блумберг наведува дека Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи се свртеле кон Москва и Вашингтон за поддршка на еден таков договор.

Се истакнува и дека Вучиќ од 2012 година балансира меѓу ветувањата за европски интеграции и одржувањето срдечни врски со Русија.

Неговиот однос со Путин е исклучително близок, се оценува во текстот и се додава дека тие двајца се сретнале повеќе од десет пати и дека Русија му додели на српскиот претседател едно од своите највисоки одличја.

Овој однос, според Блумберг, сега „игра улога“ додека Србија се обидува да направи чекор напред во преговорите со Приштина.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе