Блумберг: Група европски компании веќе отвориле сметки во Газпромбанк

Десет европски компании веќе отвориле сметки во руската банка Газпромбанк за да го плаќаат гасот во согласност со механизмот кој го постави Москва, барајќи плаќање во рубли, извести Блумберг, повикувајќи се на извор во Газпром.

EPA-EFE

Рускиот произведувач на гас Газпром ги прекина денес испораките на гас на Полска и Бугарија затоа што не го прифатија механизмот за плаќање кој Москва го воспостави откако западните земји ги замрзнаа нејзините девизни резерви, вклучувајќи ги исплатите за продадениот гас.

Така купувачите на гас од Европската Унија на посебна сметка во Газпромбанк мора да го уплаќаат износот во договорената валута, главно евра и долари, а банката потоа ја продава на берзанска аукција и рублите ги уплаќа на сметката на Газпром.

Германската енергетска компанија Унипер објави денес дека очекува нормална испорака на рускиот гас бидејќи го плаќа според рускиот механизам. Изменетата постапка на плаќање не ги нарушува санкциите на ЕУ против Русија, истакнаа од компанијата, потсетувајќи на мислењето на Европската комисија.

Брисел минатата недела ги извести компаниите дека санкциите против Русија не им забрануваат отворање сметки во Газпромбанк, предупредувајќи ги дека од Русија треба да бараат потврда дека со уплатата на парите во банката ги исполниле своите договорни обврски.

Блумберг јави денес, повикувајќи се на извори во Газпром, дека 10 европски компании веќе отвориле сметки, а четири и уплатиле пари за испорачаниот гас.

Дури и ако други купувачи, по Полска и Бугарија, ги одбијат условите на Кремљ, испораките веројатно нема да им бидат сопрени пред втората половина на мај, кога за наплата стигнуваат следните сметки, кажал за Блумберг анонимниот извор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе