Блумберг: Американските сили во Сирија убиле повеќе од 200 руски платеници (ВИДЕО)

Американските сили, кои во Сирија со претежно курдските сојузници се борат со Исламска држава, во минатонеделните борби убиле повеќе од 200 руски платеници, објави Блумберг.

Оваа неверојатна бројка, доколку е точна, значи дека минатата недела во провинцијата Деир ез-Зор дошло до најкрвавиот судир меѓу американските и руските сили уште од времето на Студената војна и Советскиот Сојуз. 

На Блумберг оваа за Москва мошне непријатна информација му ја откриле двајца руски и еден американски извор запознаени со деталите за нападот.

Американските сили со интензивни воздушни и артилериски напади го одбија нападот на прорежимските сили врз база на Сириските демократски сили (СДФ) во Деир ез-Зор, област источно од реката Еуфрат, богата со нафта, која минатата година беше договорена како линија на разграничување меѓу две фракции што се борат против ИСИС: СДФ и коалицијата предводена од САД од една страна, и сириската армија и нејзините сојузници од друга страна.

Американската команда тогаш ги процени загубите на режимските сили, за кои рекоа дека не им е познат составот, на околу 100 загинати и 200 до 300 повредени. Руската команда, пак, кажа далеку помала бројка од само 25 повредени, без мртви. Според извештајот на Пентагон, американската војска не претрпела никакви загуби, а само еден курдски борец бил ранет.

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис го опиша нападот преку Еуфрат како неиспровоциран, а целата работа како „нејасна“, но не откри повеќе детали. Руската армија, пак, порекнуваше дека има каква било поврзаност со нападот, додека американската војска го прифати нивното тврдење.

Но, според најновиот извештај, се чини дека на руските сили во Сирија им е нанесен тежок удар, кој ги надминува нивните вкупни официјално објавени загуби од почетокот на воената интервенција во земјата пред две и пол години. Провладиниот контингент, од кој, според овој извештај, значителен дел се состоел од руски платеници, ја нападнал на 7 февруари СДФ со тенкови, минофрлачи и повеќецевни ракетни системи, како што наведе полковникот Томас Вил, портпарол на американската армија.

„Коалициските војници беа во редовна комуникација со руските колеги пред, за време и по запрениот и неиспровоциран напад“, додаде Вил и истакна дека „непријателските возила и персонал што се свртеле и се вратиле на запад не беа нападнати“.

 

Руските платеници ги врбува мистериозната компанија Вагнер

Информациите за руските платеници што се борат против сирискиот режим, а чиј број можеби го надминува и бројот на редовните руски војници во Сирија, не се нови. Наводно тоа е приватна компанија поврзана со Кремљ, наречена Вагнер, која е еден вид пандан на контроверзната американска компанија Блеквотер, која во меѓувреме го промени името во Академи. Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, минатата недела сведочеше пред Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД дека неговата агенција „во неколку наврати видела дека странски сили користат платеници во борбите што ќе почнат да им се приближуваат на САД“.

Не е јасно под чија точно команда се руските платеници од Вагнер - Москва, Дамаск или Техеран. Некои руски медиуми објавија дека Вагнер, всушност, е ангажирана од Башар ал-Асад за да му помогне да ги задржи, односно да ги заземе нафтените полиња на истокот на земјата, во замена за концесии во однос на истите нафтени полиња.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин одби да ги коментира вестите за големи руски жртви, тврдејќи дека Москва ги бележи само загубите на редовните вооружени сили. Сепак, поранешниот руски дипломат и политичар што сега работи како независен аналитичар, Владимир Фролов, тврди дека Кремљ ја забива главата во песок: „Ова е голем скандал и причина за акутна меѓународна криза. Но Русија ќе се преправа дека ништо не се случило.“ 

Григориј Јавлински, долгогодишен руски опозициски политичар, кој се кандидира на претстојните претседателски избори, исто така предупреди дека Кремљ има обврска да ја информира јавноста за руските жртви во Сирија.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе