Блокирана зградата на Обединетите нации, пред неа вооружен маж (ВИДЕО)

Зградата на ОН на Менхетн денеска е блокирана, а на терен пристигнала и полицијата бидејќи претходно бил пријавен инцидент пред зградата.

Фото: ЕПА

Ова го изјави портпаролот на ОН откако медиумите објавија извештај дека вооружен маж се појавил пред зградата, пренесува Ројтерс.

На видеото што се емитуваше во живо се гледа човек со вперена пушка во вратот и големи полициски сили пред оградата околу комплексот на источната страна на Менхетн.

Полицијата се обидува да воспостави дијалог со мажот, на возраст од околу 60 години, изјави портпаролот на Полициската управа.

Во тој дел од градот сообраќајот е во прекин, напиша полицијата на Твитер.

Според наводите на полицијата, нема опасност за граѓаните пред зградата на ОН.

Обезбедувачите на зградата на ОН го отвориле едниот влез во седиштето на ОН, изјави портпаролот, бидејќи човекот со пушката е пред другиот влез.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе