Во Генералното собрание на ОН

Блокирана руска резолуција за укинување на едностраните санкции

САД, Британија, ЕУ, Украина и Грузија не му дозволија на Генералното собрание на Обединетите нации да ја усвои руската нацрт-резолуција за укинување на санкциите, соопшти руската мисија во светската организација.

Во руската резолуција се повикува на укинување на едностраните санкции кои им оневозможуваат на земјите да се борат против пандемијата на корнавирусот, јавува Раша тудеј.

Русија претходно му предложи на Генералното собрание да усвои декларација за солидарност во борбата против вирусот.

Во тој документ се истакнува главната улога на Светската здравствена организација во борбата против пандемијата.

Со текстот на документот е предвидено државите да соработуваат меѓу себе и со СЗО во рамки на напорите да се најдат начини за борба против ширењето на ковид-19 и лекувањето на таа болест.

Се повикува и државите да им помогнат на оние земји кои претрпеа најмногу жртви и штета од вирусот, вклучувајќи ги земјите во развој, како и да се прекинат трговските војни и примената на еднострани санкции.

Покра Русија на документот работеле уште 28 земји-членки на организацијата.

„Немаше консензус за документот што го предложивме. На тоа се спротивставија САД, ЕУ, Британија, Украина и Грузија. Жалиме што една мала група држави – апологети на политиката на санкции – не успеа да покаже спремност да одговори на повикот на генералниот секретар на ОН и да се откаже од своите исполитизирани пристапи и интереси“, се наведува во коментарот на руската мисија.

Како последица на тоа, одговорот на глобалниот и солидарниот свет на новата пандемија ќе биде многу посложен, се додава.

„Може да настрадаат голем број луѓе, пред сѐ во земјите во развој“, истакна руската мисија и додаде дека официјална Москва би сакала да види во пишана форма кои се логиката и аргументите за блокирање на нацрт-резолуцијата.

Се укажува и дека аргументите на Украина и Грузија како и обично се надмени и исполитизирани и не се разбирливи за повеќето држави-членки. Без оглед на ваквиот исход, Русија ќе ја продолжи кородинираната соработка со истомислениците по ова прашање.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе