Блокиран Босфор, хрватски танкер изгуби контрола (ФОТО+ВИДЕО)

Поморскиот сообраќај во теснецот Босфор денес е блокиран во двете насоки откако танкер кој плови под хрватско знаме скршна од рутата и тргна кон брегот.

EPA-EFE

Како што пренесуваат турските медиуми, поморскиот сообраќај во Истанбул е сопрен.

Танкерот кој превезува нафта до засега непознати причини скршнал од патот и тргнал кон брегот. Сопрел на некои 300 метри од брегот во близина на истанбулскиот кварт Леникои, јави турската телевизија НТВ.

На танкерот наводно му се расипал системот за управување и морал итно да сопре. Според други извори, бродот имал дефект на моторот.

На помош биле повикани осум реморкери кои се обидуваат да го извлечат танкерот на безбедно и Босфор повторно да се оспособи за сообраќај.

Овој инцидент веројатно ќе го искористат заговорниците за изградба на Истанбулскиот канал за да се растерети поморскиот сообраќај, за да се избегнат гужвите кои во моментов владеат во поморскиот сообраќај бидејќи од Босфор би се тргнале танкерите и други големи бродови. Денес не е ретко во Босфор да се најдат во близина подморница, трговски или туристички брод и танкер, што дава слика на хаос, а целта на властите е да се спречат судири и несреќи.

Јутарњи лист пренесува дека станува збор за танкерот на хрватска Танкерска пловидба.

Танкерот Рава е долг 249 метри и под хрватско знаме пловел на рута Новоросијск (Русија) – Картагена (Шпанија).

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе