Роџер Стоун

Близок соработник на Трамп прогласен за виновен за лажење на Конгресот и влијание врз сведоци

Роџер Стоун, долгогодишен пријател и човек од доверба на американскиот претседател Доналд Трамп, е прогласен за виновен за лажење на Конгресот и за влијаење врз сведок, реши поротата во федералниот суд во градот Вашингтон.

67-годишниот Стоун, кој самиот себеси се опишуваше како политички измамник, беше осуден по сите седум кривични точки за кои беше обвинет: попречување на постапките, пет лажни сведочења и едно влијаење врз сведок.

Обвиненијата се однесуваа на наводите дека Стоун го излажал Конгресот за своите контакти со Викиликс за време на изборите во 2016 година и за неговите наводни обиди да го натера својот соработник Ренди Кредико јавно да ги поткрепи неговите лаги.

Викиликс за време на тие избори објави мејлови од Демократската партија и од шефот на кампањата на Хилари Клинтон, украдени од руските агенти. За мејловите постоеше сомнеж дека ѝ наштетиле на кампањата на Клинтон против Трамп.

Белата куќа не одговорила на барањата на американските медиуми за коментар за пресудата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе