Шефот на американската дипломатија

Блинкен: Украина постигна значителен напредок во контраофанзивата

Шефот на американската дипломатија кажа дека украинската контраофанзива против руските сили е сè уште на самиот почеток, но дека украинските сили „постигнале значителен напредок“.

EPA-EFE

Блинкен, кој е во Мексико на економски преговори, беше прашан за негова проценка на состојбата во Украина.

Украинските сили зазедоа десетина места во последните неколку дена, откако Москва во саботата се повлече од дел од североисточна Украина, што е нејзиниот најголем пораз од првите денови на инвазијата.

„Она што го направија е многу методично испланирано и, нормално, има значителна поддршка од Соединетите Американски Држави и многу други земји во смисла Украина во своите раце да има сè што ѝ е потребно за водење на контраофанзивата“, кажа Блинкен.

Тој истакна дека конфликтот во Украина веројатно ќе продолжи уште некое време бидејќи Русија сè уште има значителни сили и оружје во Украина кои сè уште „неселективно ги користи против цивили и цивилна инфраструктура“.

„Русија ја почна оваа агресија. Мислам дека, имајќи ја предвид цената која ја плаќа, дека можеби треба да ја сопре“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе