Блинкен: Убедени сме дека Иран изврши напад врз израелскиот танкер

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД се убедени дека Иран во четвртокот кај брегот на Оман извршил напад врз танкер управуван од израелска компанија, објави Стејт департментот.

Фото: ЕПА

Блинкен посочи дека нема оправдување за таквиот чин, како и дека САД и нивните партнери и влади во регионот ги разгледуваат следните чекори и соодветен одговор на нападот, пренесе Ројтерс.

Две лица загинаа во напад со беспилотно летало врз нафтениот танкер „Мерсер стрит“, со кој управува „Зодијак маритим“ во сопственост на израелскиот милијардер Ејал Офер.

Бродот пловел под знамето на Либерија кога бил нападнат во близина на брегот на Оман во четвртокот, а компанијата соопшти дека сѐ уште се утврдуваат сите околности, додека израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид за овој инцидент во петокот го обвини „иранскиот тероризам“.

Иран ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Израел со такви неосновани тврдења се обидува да го оттргне вниманието од фактите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе