Шефот на американската дипломатија

Блинкен пристигна во Израел, сака да го зајакне примирјето со Хамас

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес во Израел ја почна својата посета на Блискиот Исток чија цел е да се зајакне примирјето со Хамас кој управува со Газа и да помогне да се забрза хуманитарната помош на разурнатата палестинска енклава.

EPA-EFE

Истовремено израелските власти кажаа дека дозволуваат на територијата да влезат гориво, лекови и храна наменети за приватниот сектор на Газа, за првпат откако почнаа 11-дневните судири на 10 мај.

Блинкен треба да го посети и Рамалах на окупираниот Западен брег, како и Каиро и Аман, а Вашингтон се надева и очекува примирјето да се одржи, кажа висок функционер на Стејт департментот.

„Нашиот примарен фокус е на одржување на примирјето, пружање помош на луѓето на кои им е потребна“, кажа функционерот кој барал да остане анонимен. Египет беше посредник во склучувањето на примирјето, во координација со САД.

Блинкен, кој во регионот ќе остане до четврток, планира подоцна денес да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе