Помош од 75 милиони долари по новиот конфликт на палестински територии

Блинкен ќе побара од Конгресот на САД да ја одблокира помошта за Палестинците

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, објави денес дека има намера да побара од американскиот Конгресот да одблокира 75 милиони долари за Палестинците по новиот конфликт на палестински територии.

Фото: ЕПА

Блинкен сака, со таа помош за економски развој, 5.5 милиони долари да се пренасочат за итна помош за појасот Газа, кој беше разорен за време на 11 дневната војна меѓу исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со таа територија и Израел, и 32 милиони долари до агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), како што рече на прес-конференцијата во Рамала, седиштето на Палестинската самоуправа на Западниот брег, наведе Франс прес.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас му се заблагодари на американскиот државен секретар за поддршката.

„Благодариме на американската држава за поддршката што ѝ ја даде на државата Палестина. Се надеваме дека иднината ќе биде полна со дипломатски активности што ќе бидат предводени од Соединетите Држави и четворката, со цел да се постигне праведно, сеопфатно решение засновано врз меѓународниот закон“, рече Абас, алудирајќи на четирите блискоисточни посредници која ја чинат САД, Обединетите нации, Русија и ЕУ, објавија израелските медиуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе