Блинкен допатува во ненадејна посета на Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен допатува во ненадејна посета на Киев за да вети нова помош за Украина и другите земји во регионот.

Фото: ЕПА

Ова е втора посета на Блинкен во Киев по инвазијата на Русија во Украина, каде тој се обидува да ја покаже поддршката на Вашингтон.

За време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во зградата на претседателската администрација во Киев, Блинкен истакна дека неговата посета доаѓа во „клучен момент“ за Украина, истакнувајќи дека контраофанзивата се покажала ефикасна.

Украина е благодарна за „огромната поддршка“ на Соединетите Држави кои и помогнаа на Украина „да ја врати нашата територија и земја“, изјави Зеленски.

Според него, посетата на Блинкен испратила важен сигнал за Украина, која започна контраофанзива против Русија на југ и на исток.

„Ова е многу важен сигнал дека Соединетите Американски Држави се со нас. За нас тоа е гаранција дека можеме да ги вратиме нашите територии и нашата земја“, рече тој во видео изјава.

Блинкен го следат новинари од американскиот телевизиски канал Си-ен-ен кои објавија дека се сретнал со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и ја посетил детската болница во Киев каде се сретнал со децата повредени во руските бомбардирања.

Блинкен во изјавата рече дека Вашингтон ќе ја поддржува Украина „се додека е потребно“ и најави нов пакет воена помош од 2,2 милијарди долари за Украина и 18 други земји за кои се смета дека се изложени на ризик од идна руска агресија.

Приближно 1 милијарда долари ќе ѝ бидат доделени на Украина, рече официјалниот претставник. Остатокот ќе го делат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Грција, Косово, Летонија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе