Блиндираните прозорци на новиот пикап на Маск се скршија за време на хаотична презентација (ВИДЕО)

Помпезната демонстрација на футуристичкиот електричен пикап на Тесла стана засрамувачка кога наводните блиндирани прозорци не издржаа на тестот и се скршија, оставајќи го зашеметениот Илон Маск до крајот на неговата презентација да стои пред тешко оштетеното возило.

Ко-основачот на Тесла во четвртокот во Калифорнија го претстави новиот електричен пикап Тесла Сајбертрак, охрабрувајќи го персоналот да го удри возилото со чекан и прикажа видео како издржува истрели од куршуми на пиштол од 9 мм.

Но, демонстрацијата на неуништливите прозорци на возилото не помина според планот откако по одобрение на Маск асистент фрли челична топка при што блиндираното стакло се скрши.

Маск бурно реагираше во Центарот за дизајн на Тесла и додека неговиот асистент нервозно се смееше, Маск рече: „Па, изгледа тоа беше премногу силно“.

Асистентот потоа ја фрли топката кон задниот патнички прозорец, кој исто така пукна.

„Има простор за подобрување“, призна Маск, „Ќе го поправиме“.

„Не помина преку“, рече Маск, кој мораше да истрае преку остатокот од хаотичното лансирање со двата скршени прозорци во преден план.

Сајбертрак со индустриски изглед е покриен со истата челична легура што Маск планира да ја користи за својата Спејсекс ракета и ќе може да оди од 0 до 100 километри на час за околу три секунди, тврди главниот извршен директор на Тесла.

Тој рече дека стартниот модел ќе има почетна цена од 39.900 долари и опсег од 400 километри, додека луксузната опција ќе може да патува двојно повеќе и ќе се продава за 69.900 долари.

Нема датум кога ќе биде пуштен во продажба, но аналитичарите велат дека нема да биде готов до пред крајот на 2021 година.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе