Главно во Бујановац, Ниш и Врање

Блиц: Македонците навалија во Србија на вакцинирање

Македонците „се закануваат“ да станат најмногубројните странци што се вакцинирале во Србија, вели српскиот таблоид Блиц и додава дека тие обично го избираат Врање бидејќи по вакцинирањето, навраќаат и во новоотворениот трговски центар.

Фото: Роберт Атанасовски

Првата вест за вакциирање на странски државјани во Србија се појави во Црна Гора. Потоа со примената кинеска вакцина јавно се пофали хрватската писателка Ведрана Рудан. И сега, Македонците, вели Блиц.

Како што за српскиот весник рекол еден од вакцинираните Македонци, полесно е за оние што имаат „српски корени“ или презиме на „-иќ“.

„Тие побрзо добиваат повик“, вели соговорникот на Блиц, кој не сакал да му се објави името затоа што, како што вели, „како и сите други, се плаши дека ова можеби не е добра вест, па да се прекине вакцинирањето странци и тој да остане без втората доза“.

Оние што немаат „српски корени“ купуваат српски телефонски броеви, кои мора да ги остават кога аплицираат за вакцинација.

„Мислам дека сите запишуваме која било од понудените вакцини и дека ретко кој ќе избира. Дај што ќе дадеш само да се вакцинираме“, вели тој.

Кога ќе купат српски телефонски број, тие се пријавуваат. Според сведочењето, од Скопје се чека најмногу три недели. Македонците ги одбираат Бујановац, Ниш и Врање како места за вакцинирање. Врање е најатрактивно.

„Откако таму се отвори Лидл, се организираат туристички тури. Автобуси што возат до Лидл. Така е најлесно“, вели соговорникот на Блиц.

Веста за вакцинирање на странски државјани на пунктовите во Србија го постави прашањето зошто странците можат да се вакцинираат во Србија. Меѓутоа, факт е дека на е-управата уште од самиот почеток покрај опцијата за српски државјани, постојат уште две можности; странски државјани што престојуваат во Србија и странски државјани што не престојуваат во Србија. Меѓу досега вакцинираните, покрај граѓани на соседните земји, има и претставници на дипломатскиот кор, компании... што работат во Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, денеска за Танјуг изјави дека странските државјани што имаат престојувалиште во Србија можат да се вакцинираат таму. На прашањето дали странските државјани можат да се вакцинираат во Србија и каква е постапката, Ѓерлек рече дека сите странски државјани што имаат дозвола за престој во Србија, како и граѓаните на Србија, можат да се пријават преку е-управата.

„Ќе бидат повикани според местото на живеење да се вакцинираат во најблискиот центар за вакцинација“, рече Ѓерлек по средбата на министерот за здравство со директорите на ковид-болниците.

Блиц вели дека според Владата на Србија, странските граѓани не плаќаат за вакцината, а досега се вакцинирани помалку од еден процент од вкупниот број, кој е околу четири илјади.

ЕУ потфрли, Србија е на врвот по бројот на вакцинираните

Во последниве денови во Европската Унија се отвори прашањето колку Унијата всушност потфрлила во набавката на вакцини, а и кој е обемот на блокирањето за кинеската и особено за руската вакцина. Факт е дека единствениот систем на ЕУ се распаѓа, вели Блиц, а некои членки почнаа сами да се снаоѓаат, па Унгарија своите граници ги отвори и за „Русите“ и „Кинезите“. Членките на ЕУ доцнат со планираната динамика, а Германија доцни и неколку недели. Факт е дека во ЕУ нема доволно вакцини и карантините во земјите се продолжени.

Србија го привлече вниманието затоа што во последната недела е прва во Европа според бројот на вакцинираните граѓани на 100 жители, додека е трета по бројот на вакцинирани во светот, вели Блиц. Ова го покажуваат статистичките податоци направени според податоците собрани од американски владини извори преку проектот „Нашиот свет“ на Универзитетот во Оксфорд. Според овие податоци, пред неа се само Израел и Емиратите.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе