Бизарна средба на Трамп и украинскиот претседател во Њујорк: „Нема притисок“ (ВИДЕО)

Додека во Вашингтон се разгорува политичкиот пожар околу можното отповикување на американскиот претседател поради контроверзниот телефонски разговор од летоска со неговиот украински колега, за средбата на Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Њујорк би било премалку да се каже дека се очекуваше со голем интерес, пишува Ројтерс.

Нивното појавување пред новинарите во Њујорк беше тензично, но истовремено и бизарно и смешно, оценува британската агенција.

Од едната страна беше 73-годишниот Трамп, поранешен магнат за недвижности и телевизиска ријалити ѕвезда, а денес републикански претседател на САД.

Од другара 41-годишниот Зеленски, поранешен комичар, денес украински претседател.

Во средината букет зелено и бело цвеќе.

Трамп се сретна со десетици светски лидери на годинешното заседание на Генералното собрание на ОН, но на неговата средба со украинскиот претседател медиумите ѝ дадоа многу поголемо внимание отколку на која било друга.

Телефонскиот разговор од јули меѓу двајцата претстедатели е во центарот на политичката бура во американската престолнина и ги натера демократите да отворат истрага за отповикување на 45-от американски претседател.

Американските медиуми пишуваат дека Трамп во телефонскиот разговор повеќе пати од украинскиот претседател побарал да истражи дали Џо Бајден, фаворитот за демократски кандидат на изборите следната година, ја залоупотребил својата позиција додека беше потпретседател под Барак Обама и ја уценил Украина да го отпушти државниот обвинител кој за корупција ја истражувал компанијата за која работел синот на Бајден, поради што беше сопрена постапката со која беше опфатен и Хантер Бајден.

Претставничкиот дом на Конгресот отвори официјална истрага за можно отповикување на Трамп поради обвиненијата дека се обидел да ископа политички валканици за потенцијалниот соперник на претседателските избори во 2020.

Во својот вообичаено темно син костум со црвена врска, Трамп пред новинарите седеше на работ на својата фотеља и не делуваше смирено.

Зеленски во триделно црно одело изгледаше помалку немирен и опуштено седеше во својата фотеља.

Тензијата во просторијата можеше да се пипне, пишува Ројтерс, но разговорот беше во позитивен тон, како во надреална комедија.

На новинарското прашање дали Трамп извршил притисок да го истражи семејството на Џо Бајден, Зеленски одговори: „Мислам дека сѐ прочитавте. Жал ми е, не сакам да бидам вклучен во демократските и слободни американски избори“.

„Мислам дека имавме многу добар разговор. Разговаравме за многу нешта и мислам, а го прочитавте тоа, дека никој никого не притиснал“, додаде Зеленски.

„Со други зборови, нема притисок“, кажа Трамп, по што стана уште понервозен.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе