Ричард Гренел

Бившиот разузнавачки советник на Трамп ќе остане претставник во преговорите меѓу Косово и Србија

Ричард Гренел поднесе оставка како амбасадор на претседателот Доналд Трамп во Германија, но ќе продолжи да служи како американски претставник за преговори меѓу Косово и Србија.

Во соопштение денеска советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан му се заблагодари на Гренел за неговата работа како амбасадор и како в.д. директор на Трамп за националната разузнавачка служба, улога што сега ја има Џон Ратклиф.

О'Брајан рече дека Гренел сепак ќе ја задржи својата претходна улога како „специјален претставник на претседателот за преговорите меѓу Косово и Србија“ и дека Гренел ќе работи надвор од Белата куќа.

Гренел во понеделникот се пресели во канцеларија во комплексот на Белата куќа, соопштија две лица запознаени со оваа тема.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе