Бивш германски министер за финансии: Да го е**м американскиот империјализам!

Поранешниот германски министер за финансии Оскар Лафонтен изјавил дека е против намерата на Вашингтон да постави тешко вооружување на просторот на источна и централна Европа, и со директна пцост ги повикал Европејците да се спротивстават на тоа.

Тој жестоко реагирал на информацијата дека САД ќе почнат да префрлаат тешко вооружување и американската политика ја нарекол – империјалистичка.

Лафонтен, кој беше и претседател на Социјалдемократската партија, на Фејсбук порачал дека „Европејците имаат причини да ѝ се спротивстават на американската агресија“.


„Си играте со оган. Европа веќе ја плати цената поради намалениот обем на трговијата со Русија и губењето на работните места. Ни треба европска надворешна политика која ќе го сопре воинствениот американски империјализам“, напишал тој.

71-годишниот Лафонтен својата порака ја завршил со пцост, која буквално значи „Да го е**м американскиот империјализам!“.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе