Американскиот претседател вели дека со тоа го крши законот

Бивш безбедносен советник на Трамп наскоро објавува мемоари

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон ќе го прекрши законот ако ја објави книгата со своите мемоари.

EPA-EFE

Трамп кажа, обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, дека сите разговори со него се означени како тајни.

Главниот обвинител Вилијам Бар, зборувајќи на истата прес-конференција, кажа дека Болтон не го завршил процесот потребен за објавување на книгата и дека министерството за правосудство се обидува да го увери дека мора да ги избрише доверливите информации.

Книгата на Болтон „Собата каде што се случи тоа: Мемоари од Белата куќа“ треба да биде објавена на 23 јуни.

Издавачот во соопштение во петокот кажа дека книгата дава инсајдерски поглед на Трамповиот процес на донесување одлуки.

Во книгата се зборува за тоа како Трамп ги решавал прашањата со Кина, Украина, Северна Кореја, Русија, Иран, како и неговите односи со Британија, Франција и Германија, кажа издавачот.

„Ова е книгата што Доналд Трамп не сака да ја прочитате“, се истакнува во соопштението.

Трамп го отпушти Болтон во септември поради несогласувањата за голем број надворешнополитички прашања.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе