Бивш американски полицаец призна 13 убиства, серија силувања и упади во домови (ВИДЕО)

Бивш полицаец кој станал насилен сериски злоставувач познат како „Голден стејт килер" во понеделникот призна 13 убиства и бројни силувања и упади во домови со кои ја тероризирал Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите.

Screenshot

Џозеф Џејмс Ди Анџело (74) се изјасни за виновен во рамки на пообемен договор со обвинителите кој го штити од смртна казна во замена за признание за сите злосторства што ги направил во 11 окрузи на Калифорнија.

Според договорот од понеделникот изнесен пред судија на Високиот суд Ди Анџело се соочува со казна на доживотен затвор без можност за помилување.

Обвинителите изјавија дека спогодбата имала за цел големиот број преживеани, како и семејствата на жртвите, сведоците и истражителите, да видат решенија за случаите, но и да се заштитат од натамошни правни дејства што би можеле да се влечат уште деценија.

„Ја заслужија можноста, жртвите и роднините да бидат присутни кога конечно ќе бидат прочитани пресудите“, рече Ејми Холидеј, заменичка на окружниот обвинител во округот Сакраменто. „Сега е време за правда пред нас“.

Ди Анџело, облечен во портокалова затворска облека, на сослушувањето седел безизразно во инвалидска количка. Со слаб глас, рекол дека е виновен кога судијата побарал да признае за 13 тешки убиства и киднапирања.

Тој одговори и „признавам“ на последователните обвиненија за силување, грабеж, вооружени упади и други злосторства, додека обвинителите изнесуваа детали за секое убиство, сексуален напад и упади во домови.

Освен за 13 убиства и киднапирања, обвинителите рекоа дека е познато дека Ди Анџело извршил речиси 50 силувања и повеќе од 120 кражби. Серијата криминал, која траела од 1975 до 1986 година, започнала кога бил полицаец во два града во Калифорнија.

Со неговото апсење во 2018 година се суспендирани повеќе од 40 години истраги за случаи за кои властите рекоа дека се конечно решени со споредување на ДНК примероци од местата на злосторствата со податоци на генеалошки веб-страници преку кои корисниците го испитуваат своето потекло.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе