Бивш агент на ФБИ: Трамп му дозволи на Путин да го надмине Сталин

И книгата на Питер Стржок ќе излезе пред изборите.

Фото: ЕПА

Уште една книга полна со критики кон претседателот Доналд Трамп доаѓа пред изборите, оваа од поранешниот агент на ФБИ, Питер Стржок, пренесува АП.

Стржок беше дел од истрагата на Роберт Малер за руско мешање на изборите во 2016 година сè додека не беа откриени пораки против Трамп што тој ги разменувал со своја колешка агент на ФБИ. Контраразузнавачкиот експерт на крај беше отпуштен поради скандалот, но не пред жестокото сослушување во конгресот.

Неговата книга „Компромитиран: контраразузнавањето и заканата од Доналд Трамп“ треба да излезе на 8 септември.

Што може да очекува Трамп од книгата? Ништо ласкаво, според соопштението на Стржок во вторникот.

20-годишниот ФБИ-ветеран ветува дека „ќе објасни како издигнувањето на претседателот Трамп и неговите соработници на Трамповите лични интереси пред интересите на земјата му овозможи на Путин да успее како во најлудите соништа на Сталин“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе