Битката за последната енклава на Исламска држава во Сирија е при крај

Операцијата за заземање на последната енклава на Исламска држава (ИСИС) се ближи кон крајот, а привршуваат и борбите меѓу скриените џихадисти и припадниците на Сириските демократски сили (СДФ), јавуваат агенциите.

Ројтерс пренесува дека од ридовите над Багуз на брегот на реката Еуфрат во близина на ирачката граница извори јавуваат дека областа е мирна и дека СДФ го пребаруваат теренот во потрага по тунели и антипешадиски мини.

СДФ во вторникот го заземаа логорот во кој џихадистите го пружија последниот отпор во малата енклава и ги потиснаа последните милитанти на мало парче земја на брегот на Еуфрат.

Вчера СДФ, кои се поддржани од САД, не објавија нови вести за судбината на преостанатите џихадисти.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на новинарите им покажа две карти на Сирија, една која ги покажува областите под контрола на Исламска држава кога беше избран тој во 2016 и како тоа изгледа денес.

„Кога преземав, тоа беше хаос“, кажа Трамп покажувајќи на црвените области под контрола на ИСИС. „Сега, на долната, нема црвена. Всушност, има мала точка која ќе исчезне до вечерва. Така што ИСИС е црвеното тука, а долната е како тоа изгледа денес“, кажа американскиот претседател.

Конечниот пораз на ИСИС во Багуз значи крај на нивната контрола на третина од Сирија и Ирак кои ги преземаа во 2014 и гопрогласија калифатот.

Иако губењето на Багуз ќе биде голема превсртница во сега веќе осум години долгата војна во Сирија, терористичката група останува закана. Некои остатоци од ИСИС се скриени во централната сириска пустина, а други избегаа во ирачки градови каде што планираат да водат кампања за дестабилизација на владата.

Судбината на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади не е позната, како ни на другите команданти, иако САД веруваат дека Багдади е жив и се крие во Ирак.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе