вторник, 7 мај 2024

Пустец ја прогласи за отворена туристичката сезона во Преспа

Со македонски песни и ора, со трпеза со домашни специјалитети и пијачки и продажба на домашнен мед, ракија, вино, како и ракотворби во Пустец беше прогласена за отворена новата туристичка сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Се собра народ од Албанија и Македонија, дојдоа гости и од подалеку. Топлото и сончево време и близината на езерото го кренаа расположението.

Атрактивната природа и гостопримливоста на македоноското население во последно време почна да привлекува гости кои не доаѓаат само на минување или за еден ден, туку остануваат подолго уживајќи во чистиот воздух, во прошетки и во кујната на домаќините.

Во деветте населени места на Општината веќе поголем број жители издаваат преноќишта за туристите, се ориентираат кон туризмот и аплицираат за „етно-проекти“.

Регионот на Мала Преспа е населен исклучиво со македонско население, признато како национално малцинство, лојално е на албанската држава и одржува силни врски со Македонија.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ