Франс прес

„Битка за Балканот“ меѓу Русија и Западот за гасните коридори

Западот и Русија се натпреваруваат за контрола врз транспортот на природен гас на Балканот, во рамки на обидите да ги реализираат своите геополитички агенди во тој регион, оценува француската агенција Франс прес.

Иако Западот може да им понуди на балканските земји одредени бенефити, како на пример можно членство во Евроспката Унија или инвестиции, Русија е во добра прилика на заигра на картата на енергетиката.

Во вкупната енергетска потрошувачка на ЕУ, гасот има учество од речиси една четвртина, а руски Газпром само минатата година покриваше речиси третина од европските потреби за гас. Зависноста од гас во регионот на Балканот во иднина само ќе расте, бидејќи електроцентралите на јаглен се гасат под притисок на ЕУ, истакнува Франс прес.

Во тек е реализацијата на низа проекти за транзит на гас, кои, според Франс прес, би требало да ја намалат зависноста на регионот од Русија. Проектот Трансјадрански гасовод (ТАП), кој го поддржува ЕУ, би требало азербејџанскиот гас да до пренесе преку териториите на Турција, Грција, Албанија преку Јадранското Море до Италија, а првите испораки треба да почнат кон крајот на 2020.

Планирана е и изградба на терминал за течен природен гас (ТНГ) на хрватскиот остров Крк, кој делумно го финансира ЕУ, а кој би можел да ја засили конкуренцијата меѓу Западот и Русија. Европејците, исто така, го поддржуваат Јадранско-Јонскиот гасовод (ИАП), кој треба да оди од АЛбанија преку Црна Гора и БиХ до Хрватска.

Од друга страна, Русија во октомври минатата година потпиша договор со Турција за изградба на гасоводот Турски тек, со кој гасот по Црното Море ќе се доставува до Европа.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе