Бискуп за време на викендот од хеликоптер ќе изврши егзорцизам на цел град во Колумбија

Монсињорот Рубен Дарио Харамијо Монтоја, бискупот на Буенавентура, најголемиот колумбиски пристанишен град на пацифичкиот брег со над 300 илјади жители, планира викендов да спроведе егзорцизам врз целиот град, прскајќи со света вода од хеликоптер, и изговарање на молитва со која треба „да го исчисти градот од демонска инвазија“.

Буенавентура, спротивно на своето име (добра среќа), веќе долго време е место на насилни злосторства, шверц на кокаин и сиромаштија, а титулата најнасилно место во Колумбија ја доби пред пет години. Хјуман рајт воч забележале дека во многу градски квартови доминираат силни криминални групи кои вршат разни злосторства, вклучувајќи киднапирања и убиства, распарчување луѓе додека се сѐ уште живи, и фрлање на остатоците во морето. Криминалните групи имаат куќи наменети за парчосувањето на своите жртви, истакна ХРВ во извештајот направен врз основа на тврдења на сведоци, локалци, црквата и локалните власти.

Од тогаш состојбата малку се поправила, но во првите пет месеци од оваа година се забележани 51 убиство, што е 20 убиени повеќе од истиот период минатата година. по случајот на 10-годишно девојче кое било мачено и убиено, бискупот Монтоја се одлучил на масовен егзорцизам. „Мораме да го истераме ѓаволот од Буенавентура, да видиме дали можеме да ги вратиме мирот и спокојот кои нашиот град ги изгуби поради толкуте многу злосторства, корупцијата и злото и шверцот на дрога кои ги окупираат нашите пристаништа“, кажа тој.

За потребите на воздушниот егзорцизам бискупот ќе добие хеликоптер од колумбиската војска, а несекојдневниот обред ќе се одвива за време на празникот во чест на светецот заштитник на градот.

Иако егзорцизмот по правило се врши на поединци, папата Лео Тринаесетти во 1890 година ја додал и молитвата „Егзорцизам против сатаната и паднатите ангели“, наменета за ослободување од демонска зараза. Минатата година Ватикан одржа егзорцистички курс за свештеници бидејќи наводно значително пораснала побарувачката за таа услуга низ светот, барем според тврдењата на меѓународното здружение на егзорцистите во кое членуваат околу двесте католички, англикански и православни свештеници.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе