Според германскиот весник Билд, германската амбасада во Киев е погодена во денешните руски напади, а се чини и дека новите напади од Русија ја поттикнаа Белорусија официјално да се приклучи во војната.
Поранешниот претседател на фондацијата Бол во Киев, Сергеј Сумлени, објави фотографии на Твитер и обраќајќи им се на канцеларот Олаф Шолц и на министерката за надворешни работи Аналена Баербок рече:
„Зградата во која се наоѓаше визната канцеларија на германската амбасада во Киев денеска е погодена од Русите. Можеби може да се испратат неколку ‘леопарди’ за да ја проверат ситуацијата на теренот?“
The building where the the visa office of the German embassy in Kyiv was located was hit by Russians today. Any reaction of @Bundeskanzler @ABaerbock @BMVg_Bundeswehr ? Maybe some Leopards can be sent to check the situation on the ground? pic.twitter.com/hU2wVWrK87
— Sergej Sumlenny (@sumlenny) October 10, 2022
A video from the business center of #Kyiv. pic.twitter.com/1NcH9B4HUS
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Повеќе украински градови беа нападнати денеска од руските сили. Според првичните информации и видеа на социјалните мрежи, повеќе украински градови се нападнати со руски ракети утринава по експлозијата на рускиот мост на Крим во текот на викендот - што руската Државна дума го нарече „објавување војна“.
Руски ракети денеска паѓаат во Киев и Дњепар, Лавов, Тернопил, Житомир, Запорожје, Миколаев, Хмелницки и Кременчук.
Денешниве напади се случуваат откако рускиот претседател Владимир Путин назначи суров поранешен генерал излезен од затвор за нов командант на своите трупи, по загубите и отпуштањето на уште еден генерал.
Во извештајот на портпаролот на одбраната Игор Конашенков во саботата, се вели дека контролата над трупите во Украина ќе ја преземе Сергеј Суровикин.
Во својот извештај, Конашенков рече дека Суровикин сега ќе биде „командант на здружената група трупи во областа на специјалната воена операција“.
Суровикин, кој досега командуваше со силите на јужното крило, го заменува генералот Александар Дворников, кој од април беше главен човек во командниот синџир.