Албанскиот премиер најави тужба

Билд објави снимки: Рама прислушуван, откриени малверзации со гласовите

Германски Билд објави снимки од прислушувани разговори на кои се слуша како функционери на Социјалистичката партија на Албанија договараат манипулација со гласовите.

„Прислушуваните разговори потекнуваат од досето 184, кое три години стоело во фиоките на албанското обвинителство“, пишува новинарот Питер Тиде.

На снимките се слушаат разговори за закани, купување и манипулација со гласови во пограничниот град Пешкопеја.

Во прислушуваните разговори се слушаат гласовите на актуелниот албански премиер Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамијан Џикнури, директорот на албанското министерство за внатрешни работи Арбен Кеши и други функционери на Социјалистичката партија на таа земја.

На една од објавените 16 снимки премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши на денот на изборите прашува дали се реализирани поставените цели, на што соговорникот одговара потврдно.

Веднаш по објавувањето на снимките, обвинителството за тешки кривични дела најави истрага против лицата кои ги извадиле тие материјали од досиејата.

„Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи новонастанатата ситуација без преседан, што сериозно влијае на имиџот на албанското обвинителство, а настанала со кршење на законот“, се наведува во соопштението.

Албанскиот премиер Рама по тој повод најави тужба против германскиот новинар Питер Тиде, а на својот профил на Твитер објасни зошто спорот го отвора во Германија.

„Решив ово спор да го водам во германските судови, во таа благословена земја, каде што правдата не си игра со тајните на истрагата и каде достоинството на граѓаните и државата се почитува како непроценлива вредност. Ајде да видиме кој е во право“, напиша Рама, кој претходно снимките ги оцени како уцена.

Преку Фејсбук тој доби одговор од Тиде, кој напиша дека „Рама сѐ уште не слушнал за независно правосудство“, па затоа бара истрага од обвинителството.

„Затоа што шефот на албанската влада сѐ уште не слушнал за независно правосудство сега бара обвинителството да истражува. И затоа што сега е во Лондон, би требало да добие лекција за тоа што се независни обвинители и вистински, функционални судови“, одговори Тиде на најавата на Рама дека ќе го тужи.

Рама, со премиерите на Македонија и Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, учествува денес во Лондон на конференцијата на Фајненшал тајмс и Коморскиот инвестициски фонд (КИФ) на темата „Можност за вложување во брзорастечки регион“, на која се претставуваат инвестициските потенцијали на западниот Балкан, а пред хотелот каде што се одржува форумот Албанци протестираат против Рама и неговата политика.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе