Билд: Меркел размислува за најстрог карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел наводно размислува за воведување најстрог карантин, пишува Билд.

EPA-EFE

Таков карантин би значел целосно затворање на државата.

Денес во Германија беше забележан рекорден број смртни случаи како последица на коронавирусот. Умреа 1.244 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи на 43.881.

Претходно земјата на 8 јануари го забележа најголемиот број смртни случаи, кога умреа 1.188 инфицирани лица.

Според податоците на Институтот Роберт Кох, бројот на заразени на дневно ниво се искачи за 25.164 нови случаи и вкупниот број заразени е 1.978.590 лица.

Во земјата во меѓувреме се затворени училиштата, продавниците кои не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и содржините за забава и култура, со мерките кои од воведувањето на почетокот на ноември постепено се заоструваа.

Мерките, кои предвидуваат и дека едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг, би требало да останат на сила најмалку до крајот на јануари.

Канцеларката Ангела Меркел и други членови на владата веќе предупредија дека мерките би можеле да бидат продолжени и по јануари.

Се очекува германската канцеларка на 25 јануари, на средбата со премиерите на 16 сојузни покраини, да ги разгледа следните чекори во борбата со пандемијата.

„Германија до крајот на годината ќе воспостави контрола врз пандемијата на коронавирусот, но новиот, повирулентен сој на вирусот се заканува да ја влоши ситуацијата“, кажа денес шефот на германскиот Институт Роберт Кох.

„Сите случаи се регистрирани кај луѓе кои патувале во странство. Ова нема да биде последната варијанта што ќе ја видиме. Ќе има нови варијанти. Затоа, не патувајте“, кажа Лотар Вилер, алудирајќи на новиот сој регистриран во Бразил.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе