Меркел и премиерите наводно се договориле

Билд: Германија од понеделник во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел денес се сретнала со премиерите на сојузните држави за да разговараат за новите мерки. Билд ексклузивно дознава дека премиерите се согласиле со Меркел Германија да оди во карантин од 2 ноември, односно од понеделник.

EPA-EFE

Билд додава и дека канцеларката и премиерите договориле и нови мерки, но сѐ уште немаат информации кои.

Според информациите објавени вчера, но и изјавата на германскиот министер за финансии, карантинот би требало да трае четири недели.

Билд јавува и дека канцеларката, откако се сретна со премиерите на сојузните држави за новите мерки, за сѐ ќе ги информира лидерите на парламентарните групи во Бундестагот.

Веста ја објави заменичката портпарол на владата Мартина Фиц.

Утре наутро Меркел во Будестагот ќе извести за состојбата со коронавирусот во Германија.

Според информациите на Билд, министерот за финансии Олаф Шолц кажал на состанокот дека и тој верува дека на Германија ѝ се потребни драстични мерки.

Германските медиуми јавија денес дека Меркел сака да ги затвори кафулињата, баровите, рестораните, училиштата, салите, музеите и кината, но Билд сѐ уште не јавува за тоа.

Според нацртот на мерките кој „протече“ вчера, би работеле само училиштата и градинките.

Продавниците би можеле да останат отворени доколку ги применуваат строгите хигиенски мерки и го ограничат бројот на купувачи, а рестораните ќе испорачуваат само храна за достава,

Луѓето би можеле да излегуваат само со членови на сопственото домаќинство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе