Бил Клинтон пристигна во Приштина на 20-годишнината од НАТО на Косово (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон пристигна на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“, каде го дочека косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли.

„Добредојдовте во своето семејство на Косово, господине претседателе“, напиша Пацоли на Фејсбук, каде постираше и неколку фотографии од доаѓањето на Клинтон. Поранешниот американски претседател ќе присуствува на одбележувањето на 20-годишнината од доаѓањето на трупите на НАТО на Косово.

Според претходните најави, Клинтон денес во Приштина ќе се сретне со претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, а како што соопшти кабинетот на косовскиот претседател, по денешната средба Тачи и Клинтон заедно ќе им се обратат на медиумите.

Поранешниот претседател на САД се смета за голем пријател на Косово и неговото пристигнување практично ја блокирало Приштина, јавуваат косовските медиуми. Косовската специјална полиција од раните утрински часови ги обезбедува и пребарува објектите на рутата на движењето на Клинтон.

Улиците на Приштина се полни со вооружени специјалци.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе