Бил Гејтс: Жал ми е за Астра зенека, навистина беа љубезни

Бил Гејтс во гостување на Јутјуб каналот Веритасиум, зборуваше за можни катастрофи што може да го снајдат светот откако ќе се смири прашината околу пандемијата на коронавирусот. Тој истакна две: климатските промени и биотероризмот.

EPA-EFE

Поради климатските промени Гејтс вели во следните децении ќе умираат повеќе луѓе годишно отколку од ковид, а стравот од биотероризам произлегува од претпоставката дека еден ден некој навистина може вештачки да создаде вирус во лабораторија и да го испушти во светот. Ако некој навистина сака да предизвика таков вид штета, тој вид опасност е реален и секако подостапен од цикличните пандемии, вели Гејтс.

Тој истакна дека низ историјата, епидемиите се покажале како најчести и најразорни катаклизмички настани за човештвото. Кога водителот го запрашал како го предвидел овој вид на вирус, Гејтс се осврна на цикличноста на респираторните вируси и рече дека навистина не е добро чувството да може да каже „Ви реков“.

Тој жали за недостатокот на визија кај светските лидери при разгледувањето на опасностите за човечкиот род. „Постојат ризици како земјотреси кои постојано се повторуваат, или војни, пожари, урагани... Пандемиите не доаѓаат толку редовно и се смета дека во следните години нема да бидат проблем, па не треба да се вложува толку многу пари во тоа. Оваа пандемија ќе нè натера да разбереме дека тоа треба да биде приоритет“, се надева основачот на Мајкрософт.

Тој верува дека отсега, како вид, ќе бидеме попаметни и ќе почнеме повеќе да инвестираме во дијагностика и истражување, т.е. зголемување на обемот на тестирање и специјализирање на постројките за побрзо и поевтино производство на термоотпорни вакцини. Тој се осврна и на разните теории на заговор. „Интернетот донесе златно доба на ширење информации и можност за едукација во домовите. Сепак, социјалните мрежи често знаат да создадат конфузија и да ги насочат луѓето во погрешна насока“.

„Креирањето на безбедна вакцина бара поголем труд и е почувствително од склопувањето, на пример, млазен мотор. Секоја грешка во овој процес има ужасни последици. Бројот на вакцини што може да се произведат во дадено време зависи од самата безбедност на нивното производство. Жал ми е малку за Астра зенека затоа што тие први се понудија да му помогнат на Оксфорд Универзитетот во овој процес, и тоа на непрофитна основа, и сега плаќаат данок за тоа“, рече Гејтс и додаде дека не се замара премногу со теориите на заговор, но дека се надева дека на крај ќе победи разумот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе