Бил Гејтс за теориите на заговор за него: Лудило и зло

Филантропот и коосновач на компанијата Мајкрософт Бил Гејтс изјави дека е вџашен од количеството на „луди и злонамерни“ теории на заговор за него на социјалните мрежи.

EPA-EFE

Тие теории на заговор се нормално поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Во интервјуто за британската агенција Ројтерс објавено денес, Гејтс кажа дека смета дека зад таквите милионски постови на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолог Ентони Фаучи по сè изгледа се крие страв од заразата во комбинација со експанзијата на социјалните мрежи.

„Кој би можел да помисли дека докторот Фаучи ќе биде мета на такви, навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, кажа Гејтс.

Меѓу бројните теории на заговор кои ги вклучуваат Гејтс и Фаучи најзастапена е онаа дека пандемијата е намерно предизвикана за да се воспостави контрола врз популацијата и да се извлече финансиски профит, а дека вакцината се користи за на луѓето да им се вбризга микрочип за надзор и контрола на движењето.

„Кој воопшто би можел да поверува во такво нешто?“, праша Гејтс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе