Тие теории на заговор се нормално поврзани со пандемијата на коронавирусот.
Во интервјуто за британската агенција Ројтерс објавено денес, Гејтс кажа дека смета дека зад таквите милионски постови на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолог Ентони Фаучи по сè изгледа се крие страв од заразата во комбинација со експанзијата на социјалните мрежи.
„Кој би можел да помисли дека докторот Фаучи ќе биде мета на такви, навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, кажа Гејтс.
Меѓу бројните теории на заговор кои ги вклучуваат Гејтс и Фаучи најзастапена е онаа дека пандемијата е намерно предизвикана за да се воспостави контрола врз популацијата и да се извлече финансиски профит, а дека вакцината се користи за на луѓето да им се вбризга микрочип за надзор и контрола на движењето.
„Кој воопшто би можел да поверува во такво нешто?“, праша Гејтс.
'Crazy and evil': Bill Gates surprised by pandemic conspiracies https://t.co/LA0Cy4BIAa pic.twitter.com/sFApy7YYNO
— Reuters (@Reuters) January 27, 2021